КХВ даде дозвола на Метал нет и Квалитет пром за заедничка понуда за преземање на „Агрокуманово“
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде дозвола на „Метал-нет“ ДОО увоз-извоз Куманово и „Квалитет пром“ ДООЕЛ Куманово да дадат заедничка понуда за преземање на „Агрокуманово“ АД Куманово.
Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, понудата за преземање се однесува на 14.798 обични акции со право на глас издадени од „Агрокуманово“ АД Куманово. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 2.190 денари, која е еднаква за сите акции на кои се однесува понудата.
Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 14.702 обични акции, што претставува 57,53 проценти од вкупниот број обични акции. Најнискиот процент од сите обични акции на „Агрокуманово“ АД Куманово кои преземачите треба да ги стекнат заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседуваат треба да изнесува 99,62 проценти.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера