КФСМ: Македонија домаќин на две Европски првенства во 2024
Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека идната година во Скопје ќе биде организатор на две Европски првенства за млади кошаркари.
Бордот на ФИБА Европа на својата седница во швајцарскиот Мие, одлучи во периодот од 26. јули до 16 август, КФСМ да го организира Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години, како и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години.
Еврошампионатот од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години ќе биде реализиран во периодот од 26. јули до 4. Август во Скопје, додека пак во кадетска конкуренција, „Под 16“ години од Дивизијата „Б“, ќе се одигра во периодот од 8. до 17. август, исто така во Скопје.
Македонската кошаркарска селекција „Под 20“ години ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13. до 21 јули во полскиот град Гдиња.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?