Керн: Силна Австрија само во силна Европа
Силна Австрија може да постои само во силна Европа, порача австрискиот канцелар Кристијан Керн.
На синоќешниот собир по повод 60-годишнината на Европската унија во Претставништвото на Еврокомисијата во Виена, Керн истакна дека сите предизвици, без разлика дали станува збор за миграциски, безбедносни или економски прашања, можат да бидат решени само заедно, а не единствено од Австрија.
Сепак Керн истакна дека е неопходно да се спроведе промена на свеста од досегашниот фокус на дерегулација кон повлекување социјална компонента на Европа.
- Потребна ни е Европа во која луѓето ќе имаат чувство дека тие и нивните интереси се во центарот на вниманието, а не Европа на биланс, на профит, истакна австрискиот канцелар.
Тој оцени дека две работи се причина за актуелната криза во ЕУ.
- По последното проширување, механизмите за одлучување не се прилагодени и со воведувањето на валутната унија немаше усогласување на фискалната и економската политика. Јасно е дека само поголема интеграција може да донесе напредок во овие прашања и тоа мораме интелигентно да го организираме, истакна канцеларот Керн.
Ново на Сител
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна
-
Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава | ФОТО
-
Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка
-
Приведен Романец на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана
-
Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно
-
Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен