Керим: Потребна е реформа, а не само ревитализација на органите на ОН
За справување со глобалните проблеми со кои се соочува светот и поефикасно решавање на предизвиците, започнувајќи од безбедноста и тероризмот, па се до миграциската криза, потребна е реформа, а не само ревитализација на органите на Обединетите нации.
Ова вчера во своето излагање во Њујорк пред Источноевропската група во Обединетите нации на тема „Улогата на Генералното собрание во зајакнување на Обединетите нации“ го порача поранешниот претседавач со Генералното собрание и кандидат за генерален секретар на ОН Срѓан Керим.
- За да ја зачуваме и продолжиме традицијата и визијата на основачите на ООН, имаме за цел, како дипломати и реформатори, да постигнеме транспарентност, ефикасност и темелитост во Генералното собрание и Советот за безбедност на ОН, нагласи Керим.
На состанокот се зборуваше и за изборот на следниот генерален секретар на Обединетите нации со оглед дека редоследот е на Источно Европската група, за ревитализација на Генералното собрание, како и за реформа на системот на Обединетите нации.
Во дебатата учествуваа и амбасадорите на Полска, Чешка, Унгарија, Ерменија, Молдавија, Белорусија, Литванија, Латвија и други земји.
Ново на Сител
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат