Керим на средби во Египет, дел од консултациите со земјите членки на Советот за безбедност
Македонскиот кандидат за претседавач на Генералното собрание на ОН Срѓан Керим во изминатите два дена престојуваше во работна посета на Каиро, на покана на министерот за надворешни работи на Египет и во рамки на планираните консултации со земјите-членки на Советот за безбедност, соопшти неговиот kабинет.
При посетата, како што се наведува, Керим се сретнал со заменик министерот за надворешни работи Хамди Лоза, во отсуство на министерот Самех Шукри, како и со Генералниот секретар на Арапската Лига, амбасадорот Ахмет Абулгејт.
- Се разговараше за процесот на избор на Генерален секретар на ООН, како и приоритетите содржани во програмата на д-р Керим која беше изложена пред Советот за безбедност и Генералното Собрание на ООН, се посочува во соопштението.
Во текот на овој месец под претседателство на Јапонија, во Советот за безбедност на ОН се предвидени два круга гласање и тоа на 21 и 27 јули.
Со оваа посета на Египет, заокружен е процесот на консултации со сите 15 земји-членки на Советот за безбедност, во функција на добивање поддршка за кандидатурата на Керим.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Форумот за културна дипломатија
-
Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство
-
Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија
-
Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
Дводневно заседание на ЕП, на агендата Газа, ЦБАМ, руските енергенси и единствениот пазар
-
Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд