Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Форумот за културна дипломатија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на третиот Форум за културна дипломатија, што се одржува во Собранието под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.
Третата сесија во рамки на форумот, чија домаќинка е претседателката Сиљановска-Давкова е насловена „Мали држави, големо влијание: Справување со глобалните предизвици преку заеднички мултилатерализам“.Говорници во дебатата ќе бидат: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешениот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.
На форумот вчера се дебатираше на темата „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“ на која беше заклучено дека културната дипломатија игра голема улога во јакнењето на демократијата, во период кога, како што беше речено, таа е во стагнација, со оглед на големите гео-политички придвижувања.
Настанот го отворипретседателот на Собранието, Африм Гаши, а меѓу говорниците беа поранешниот претседател Иванов, поранешниот претседател на Албанија Реџеп Мајдани, како и поранешниот претседател на Парламентот на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, како и Тасмина Ахмет – Шеик, поранешна членка на Британскиот парламент; Давор Филиповиќ, поранешен министер за економија и одржлив развој на Хрватска, Делиа Доминиго Алберт, поранешна секретарка за надворешни работо на Филипините.
Ново на Сител
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката