Кери во Сингапур ќе ја истакнува предноста на транс-тихоокеанското партнерство
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во Сингапур за да ја истакне предноста на идната транс-тихоокеанска зона за слободна трговија, три дена по неуспехот на преговорите во Хаваи меѓу 12 земји за постигнување спогодба за нејзиното создавање.
Кери утринава ќе разговара со својот сингапурски колега К. Шанмугам, пред да се сретне со премиерот на градот држава Ли Сен Лун, пренесува БТА.
Првиот американски дипломат подоцна во текот на денот ќе одржи говор за предностите што, според Вашингтон, ќе ги има едно економско партнерство меѓу САД и азиско-тихоокеанскиот регион, кој зазема приоритетно место во надворешната политика на претседателот Барак Обама.
Дванаесетте земји, кои ги почнаа преговорите за создавање транс-тихоокеанска зона за слободна трговија, на минатонеделната средба на Хаваите не успеаја да постигнат спогодба. На форумот беше донесена одлука преговорите да продолжат на билатерално ниво за да се направи обид за надминување на суштинските разлики.
Спогодбата, позната по скратеницата ТТП (Транс-тихоокеанско партнерство) во себе вклучува земји чиј вкупен бруто домашен производ изнесува приближно 40 отсто од светскиот. Меѓу нив се САД, Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, но не и Кина.
Преговорите за ТТП почнаа во 2005 година и се очекуваше да завршат во текот на 2012 година, со склучување на основачкиот договор.
ТТП е трговски пакт, што налага целосно укинување на царините врз стоките и услугите во Азиско-тихоокеанскиот регион.
Првично за склучување на оваа спогодба се договорија Чиле, Нов Зеланд, Брунеи и Сингапур. Подоцна кон преговорите се вклучија Австралија, Виетнам, Канада, Малезија, Перу и САД. Мексико и Јапонија беа поканети да учествуваат во изработката на принципите на трговското партнерство.
Ново на Сител
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава