Бајден ќе ја номинира Анџела Прајс Агелер за нова амбасадорка на САД во земјава
Американскиот претседателот Џо Бајден ја објави својата намера да номинира шестмина нови амбасадори на САД, меѓу кои и Анџела Прајс Агелер, како кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Северна Македонија, соопшти синоќа Белата куќа.
Доколку предлогот на Бајден биде одобрен, Прајс Агелер ќе ја наследи досегашната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Брнз.
Инаку, ова не е прв ангажман на Агелер во земјава, бидејќи претходно во нејзината дипломатска кариера таа била ангажирана и како претставник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје.
Во официјалното соопштение објавено на веб страната на Белата куќа се посочува дека Прајс Агелер е дипломат од кариера со функција министер-советник вработена во Службата за надворешни работи на Стејт департментот, која досега беше заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Пакистан.
Претходно, таа била задолжена за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, в.д. заменик помошник државен секретар во Бирото за Јужна и Централна Азија и во Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон, како и заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија.
Меѓу нејзините претходни ангажмани се и советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Пакистан, аташе за култура и печат во американската Амбасада во Виетнам, портпарол на Бирото за конзуларни прашања на Стејт департментот, а извршувала и повеќе должности во амбасадите на САД во Франција и во Индија.
Пред да биде ангажирана во Службата за надворешни работи, Агелер работела и во амбасадите на САД во Буркина Фасо и во Унгарија, како и во Генералниот конзулат во индискиот град Мадрас.
Претходно таа била вработена во Националната галерија за уметност во Вашингтон, а била и волонтер на американскиот Мировен корпус во Централноафриканската Република.
Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и Наградата за помошник секретар за извонредни остварувања, како и на Наградата „Милдред Синклер“. Дипломирала на Универзитетот во Јута, а зборува француски, македонски и делумно хинду јазик.
Покрај Агелер, меѓу новономинираните дипломатски претставници на САД од страна на Бајден се и кандидатите за американски амбасадори во Азербејџан и во Словачка, амбасадорот за Фиџи, Кирибати, Науру, Тонга и Тувалу, како и двајца комесари во Комисијата за морски цицачи – американска владина агенција задолжена за заштита на морските цицачи и нивната животна средина.
Ново на Сител
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината