Кери трет пат во последните 10 дена разговараше со Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери разговарал со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, трет пат во последните 10 дена, пренесоа американските медиуми.
Кери побарал да го разгледаат сирискиот конфликт, информира американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби, информира дека Кери го побарал својот риски колега и додаде дека Лавров ја подвлекол неопходноста од единствен фронт за борба со терористичките групи во Сирија.
Државниот секретар Кери подвлекол дека „континуираната руска поддршка за претседателот Башар ал-Асад ризикува да доведе до заострување и продолжување на конфликтот и да ја поткопа нашата заедничка цел за борба со екстремизмот, доколку не продолжиме да бараме решение за конфликтот во Сирија преку вистински политички преод кон нова власт“, беше соопштено во писмената изјава на Стејт депатментот.
Освен тоа, Кери изјавил дека САД се одлучни да се борат против терористичката група Исламска држава, заедно со повеќе од 60 земји, кои се вклучија во коалицијата формирана од Вашингтон.
Американскиот државен секретар подвлекол дека Асад никогаш не би можел да ја добие довербата на оваа коалиција.
Истовремено, Кери забележал дека САД ќе го поздрават конструктивното учество на Русија во напорите за борба против Исламска држава. Освен тоа, Кери подвлекол дека конфликтот во Сирија не може да се реши по воен пат, туку само со политичко пренесување на власта врз нова Влада во Дамаск.
Американските медиуми јавуваат дека Кери побарал објаснување за целта поради која Москва го засилува своето воено присуство во Сирија.
Американски владини претставници минатата недела изјавија дека Русија го засилува своето воено присуство во Сирија и изразија стравувања дека Москва ја засилува поддршката за режимот на Башар ал-Асад, потсетуваат британските медиуми. Тие додаваат дека, според соопштение од сајтот на руското Министерство за надворешни работи, Кери и Лавров разговарале и за украинската криза и чекорите за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот
-

Герасимовски додели 82 стипендии до 3.500 денари месечно на најдобрите ученици
-

Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони ако ги направиме уставните измени и потоа ќе имаме ново вето
-

Јовева: ЕК не е фер - Македонија има напредок
-

СДСМ: Најлош извештај во последните 10 години
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
