Кери се сретна со петмина свои колеги од поранешните советски републики од Централна Азија
Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна денеска во узбекистанскиот град Самарканд со министрите за надворешни работи на пет поранешни советски републики од Централна Азија, со намера да ги зајакне американските врски во економијата и безбедноста во регионот.
- Во Централна Азија и на други места луѓето копнеат за влади, кои ќе бидат одговорни и ефикасни, рече Кери пред неговите колеги од Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Дневниот ред на шестстраната средба вклучуваше и промовирање на трговските односи со петте земји и потесна соработка во сферата на безбедноста, со цел поуспешна борба против Исламска држава.
Никој од учесниците на средбата не говореше за човековите права и демократија, но Кери изјави дека економските проекти се тесно поврзани со квалитетот на владеењето и силата на демократските институции.
Во Самарканд Кери беше пречекан на аеродромот од страна на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов, кој постојано е критикуван за неговата политиката во областа на човековите права.
Каримов и Кери не одговораа на никакви прашања, кога на мала група новинари им беше дозволено да присуствуваат на почетокот на нивната средба во претседателската палата.
Средбата на министрите за надворешни работи се одржа подоцна, по што беше објавено соопштение, во кое САД и петте централноазиски земји изразија поддршка за Авганистан и неговиот развој како независна и мирна држава, која е мошне важна за мирот и стабилноста во регионот.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар