Кери: САД ќе бидат принудени на тешки одлуки, ако Русија и Иран продолжат да го поддржуваат Асад
САД ќе бидат принудени да носат тешки одлуки, доколку Руската Федерација и Иран продолжат да го поддржуваат претседателот на Сирија Башар ал Асад, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, пренесува ТАСС.
Тој истакна дека ако Русија и Иран му дозволат на Асад да го уништи процесот и да не се изврши политичка транзиција во Сирија, тогаш американскиот избор на опции ќе биде намален и ќе треба да прифатат некои тешки одлуки.
Кери истакна дека САД не можат да дозволат оваа ситуација во Сирија да продолжи. - Ова претставува закана по безбедноста на САД и сите европски земји, рече тој.
Кери додаде дека за Европа заканата не е само од природата на „она што се случи во Париз", но и тоа дека „оваа миграција може да ја промени европската политика еднаш засекогаш".
Американскиот државен секретар изрази уверување дека „Русија сфаќа, а Иран почнува да сфаќа" дека претседателот Башар ал Асад не може да остане на власт.
Кери вчера соопшти дека нов круг разговори за решавање на сирискиот конфликт во рамките на виенскиот процес ќе се одржи овој месец во Њујорк. Тој рече дека сириската опозиција веќе избрала учесниците во делегацијата за преговорите и е подготвена да седне на масата заедно со Русија и Иран.
Ново на Сител
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен