Кери: Првите сознанија за примирјето во Сирија се охрабрувачки
Првите сознанија од теренот во Сирија по стапувањето во сила на примрјето се охрабрувачки, изјави вечерва американскиот државен секретар Џон Кери.
- Првите инфромации говорат за извесно намалување на насилството, додаде Кери.
Како што јави ДПА, тој додаде дека според првичните податоци со кои располага во Сирија состојбата е „претежно мирна“.
- Се уште е рано да се прават конечни заклучоци и не го правам тоа. Несомено ќе има прекршување на примирјето на едно или на друго место, рече Кери.
Според него, за да профункционира примирјето, умерените бунтовници во Сирија ќе треба да ги прекинат односите со радикалните џихадисти, а сириската Влада треба да дозволи слободно доставување на хуманитарна помош.
Примрјето во Сирија стапи доцна попладнево врз основа на договорот меѓу Кери и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Примирјето е втор обид на Москва и Вашингтон оваа година да се стави крај на петгодишната граѓанска војна во Сирија.
Ниту сириската Влада, ниту бунтовниците, кои се борат против претседателот Башар ал Асад, не се изјаснија јавно дали го поддржуваат примирјето, но извори од двете страни навестија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.
Командата на сириската армија соопшти дека примирјето ќе биде почитувано седум дена на цела територија на Сирија.
Русија, која инсистира примирјето да се почитува на цела територија на Сирија, најави дека ќе продолжи да ги бомбардира „терористичките цели“, односно џихадистичката група Исламска држава и огранокот на Ал Каеда, Фронтот Ал Нусра, кои не се опфатени со прекинот на огнот.
Ново на Сител
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-
Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник