Кери и Лавров со воздржан оптимизам во однос на почитувањето на примирјето во Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија дека првите информации за почитување на прекинот на огнот во Сирија даваат надеж, но нагласија дека за постигнување успех се потребни уште напори од сите страни во конфликтот.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави синоќа дека ова двајцата министри го заклучиле во телефонски разговор.
Тие разговарале за обновувањето на преговорите, закажано за 7 март во рамки на Меѓународната група за поддршка на Сирија, како и за темата за координација на САД и Русија во воената област во врска со сириската криза.
Кери и Лавров се осврнале и на ситуацијата во Северна Кореја и подготовките на новата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на ракетната и нуклеарната активност на Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот