Кенија: Во напад врз училиште загинаа седум лица
Вооружени напаѓачи, најверојатно од Јужен Судан денеска убија седум лица при напад врз училиште во Кенија.
- Нападот се случи во мешано средно училиште во близина на границата. Најверојатно нападот е чин на одмазда, изјави шефот на регионалната криминална истрага Гидеон Кибуња.
Тој додаде дека главен осомничен за нападот е постар ученик кој минатата недела бил суспендиран откако учествувал во тепачка. Тој се заканувал дека ќе се одмазди.
- Напаѓачите го бараа директорот на училиштето и момчињата кои учествуваа во тепачката, но бидејќи не ги пронајдоа почнаа да пукаат врз другите ученици, посочи Кибуња.
Во средните училишта во Кенија во последните две години се случија голем број насилни инциденти, а на почетокот од неделата во напад во студенски дом во округот Квале загинаа две лица, а неколкумина студенти беа повредени. Се претпоставува дека напаѓачот е член на бунтовничката група Ал Шабаб од соседна Сомалија.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло, до 39 степени
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030