Фудбал
4. јуни 2016 - 16:31

„Кенгурите’’ ја победија Грција во 93-минута

 
 
Репрезентацијата на Австралија минимално со 1:0 ја победи Грција во контролен, пријателски меч одигран во Мелбурн.
Стрелец на победничкиот гол за популарните „Кенгури““ беше Метју Ликји во третата минута од судиското дополнение (90+3).  
 
Ова беше првиот од шестте пријателски натпртевари кои се играат денеска, а преку кои репрезентациите учеснички на претстојното ЕП во Франција ја проверуваат својата форма пред стартот на шампионатот на 10 јуни. 
 
На останатите натпревари кои ќе се играат во попладневните и вечерни термини, ќе се сретнат.
 
18:00 Германија – Унгарија 
20:15 Хрватска – Сан Марино 
20:30 Австрија – Холандија 
20:45 Словачка – Северна Ирска
21:00 Франција - Шкотска