Келнерка почастила пожарникари појадок, кога се логирала на Фејсбук за малку ќе се онесвестела
Двајца пожарникари од Њу Џерси по напорно гасење на пожар, цели 12 часа отишле до локалниот ресторан да се напијат кафе и да појадуваат.
Келнерката Лиз, ги послужила и слушнала дека зборуваат за нивната работа па кога побарале сметка направила нешто неочекувано.
Наместо сметка таа им ливче на кое имало порака а таа гласела:
- Вашиот појадок ќе биде од мене - јас честам. Благодарам што ни служите и што трчате кон местата од кои сите бегаме. Без разлика на вашата позиција и улога, вие сте храбри. Благодарам што сте така „опасни„ секогаш кога има пожар. Одморете се! Лиз.
Пожарникарите и се заблагодариле на Лиз и си заминале дома, каде еден од нив веднаш ја објавиле несекојдневната случка која се случила и порачал на сите да одат и да го посетат нејзиниот ресторан.
И тука започнало се. Пожарникарот Тим ја побарал на Фејсбук и видел дека има татко кој е инвалид и му е потребна помош а одлучил и тој да направи нешто за неа.
Напишал дека Лиз има татко кој е неподвижен и му е потребна инвалидска количка, која Лиз не може да си дозволи да ја купи, па корисниците на социјалните мрежи за само неколку дена на нејзината сметка префрлиле 70.000 долари, многу повеќе од доволно за да му купи количка на својот тако.
- Само ги почастив појадок, не очекував ништо за возврат, но ова е доказ дека луѓето треба да бидат секогаш љубезни - рекла Лиз.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар