Келин: Тврдењата на НАТО за учество на групата на „Адмирал Кузнецов“ во Алепо се смешни
Тврдењата на НАТО за можното учество на групата носачи на авиони „Адмирал Кузнецов“ во воените дејствија во сирискиот град Алепо се смешни. Алијансата нема причина да се грижи поради движењата на групата во Средоземното Море, а над самиот град нема летови на руската воена авијација, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Андреј Келин, пренесува МИА.
- Загриженоста е целосно неоснована, бидејќи веќе деветти ден нема наши авиони дури ни близу до Алепо, објасни Келин и истакна, дека руските воени бродови и претходно поминувале низ Средоземното Море.
- Нема никаква основа за какви било сомневања, нема никаква основа за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, нагласи Келин.
Претставникот на руското МНР објасни дека во моментов руската воена авијација воопшто не се доближува до Алепо, и потенцира дека тоа и претходно било изјавено од страна на руското Министерство за одбрана.
- Зошто тогаш да создаваме некакви нејасни претпоставки, и врз основа на нив да упатуваме политички препораки? Се разбира, тоа е смешно, порача рускиот дипломат.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера предупреди дека бродовите, кои пловат кон Сирија, можат да бидат користени за напади врз мирното население во Алепо, како и за нанесување на уште воздушни удари.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава