-->
-->
Кејн сака да се пензионира во Тотенхем
-->
Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, рекол дека воопшто не се сомнева дека наскоро ќе потпише нов договор со клубот.
Англискиот репрезентативец Хари Кејн, има договор со Тотенхем до 2020 година кој му гарантира 50.000 фунти неделно, но раководството веќе ги започнало преговорите со неговиот менаџер за нов, финансиски подбар договор.
„Преговараме, но јас сум сигурен дека ќе се договриме. Нема место за паника, само сакам да кажам дека она што е објавено во медиумите за условите кои наводно ги барам, не е вистина. Среќен сум во Тотенхем и се надевам дека уште долго ќе бидам тука“, изјавил Кејн за BBC
Хари Кејн минатата сезона со 25 голови беше најдобар стрелец во Премиерлигата. Оваа сезона има постигнато пет гола, два во пресвртот против Вест Хем во саботата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ воведува нов систем на гранциите - ќе важи и за македонските граѓани
-
Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик
-
Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море