Казнети 102 возачи за непрописно паркирање вчера во Скопје, пајакот подигнал 77 возила
Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 12, што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Полицијата од сообраќај исклучила 33 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.
Исклучени се и едно техничко неисправно возило, седум нерегистрирани, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 77 возила.
Казнети се и 102 возачи за непрописно паркирање.
Санкционирани се и двајца возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.
Казнети се и 25 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска