Македонија
11. April 2019 - 18:08

Казнет возач бидејќи на регистерската табличка не се читала кратенката МК

Битолчанец треба да плати глоба од 100 евра, бидејќи сообраќајната полиција утврдила дека регистерската табличка на неговиот автомобил, не е доволно читлива, односно е избледена. Од фотографијата која возачот ја објави на социјалните мрежи може да се забележи дека избледена е само кратенката МК, а остатокот од регистрацијата е читлив, објави Фокус.

Возачот бил запрен и казнет кај граничниот премин „Меџитлија“ со Република Грција.

Останатите возачи коментираат дека е небулозно да се казнува за избледената кратенка, која треба да се менува, односно на новите таблици наместо МК ќе пишува НМК. Други возачи пак велат дека има граѓани кои намерно ја бришат кратенката МК за да влезат во Грција.
Како и да е, сообраќаецот се повикал на член 37 од Законот за возила, коментира Фокус.