Казната за неносење заштитна маска во Франција изнесува 135 евра
Од денеска во Франција е задолжително носењето на заштитна маска во сите затворени јавни места, а во случај на непочитување на одредбата казната изнесува 135 евра, јави дописникот на МИА.
Само четири месеци откако властите соопштија дека заштитната маска „не е корисна“ за да се стави под контрола епидемијата со Ковид-19, од денеска носењето маска стана задолжително на затворените јавни места.
Оваа мерка претходно беше предвидена да почне да се применува од 1 август, но таа беше спроведена порано со оглед дека има повеќе активни кластери во земјата. Казната за неносење маска е 135 евра, исто како и во јавниот транспорт.
Според министерот за здравство, Оливие Веран, во Франција има меѓу 400 и 500 активни кластери на епидемијата, а во девет од 12 региони показателот Р за ширењето на заразата е веќе надминат.
Од денеска задолжително треба да се носи маска во јавниот транспорт, музеите, рестораните, продавниците, администрацијата, банките и покриените пазари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?