Казна за Ерменија заради инцидентот со знамето на „Евровизија“
Официјалните лица на „Евросонг“ ја осудија натпреварувачката на Ерменија која во текот на својот настап во Стокхолм, мавташе со знамето на спорната азербејџанска областа Нагорно-Карабах.
Ерменската пејачка Ивета Мукучјан мавташе со тоа знаме во текот на првата квалификациска вечер. Областа Нагорно-Карабах, претежно населена со Ерменци е во составот е Азербејџан, но е под контрола на ерменските сепаратисти.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) која е организатор на „Евросонг“, го нарече тој инцидент „сериозно кршење“ на нејзината забрана на сите политички пораки на натпреварот.
ЕБУ наведе дека ерменската јавна телевизија ќе биде казнета, а како, ќе биде подоцна објавено.
Се наведува дека „секое понатамошно кршење на прописите на „Песна на Евровизија 2016“ може да доведе до дисквалификација од овогодишниот натпревар или идните натпреварувања.
Натпреварувачите од Ерменија и Азербејџан се квалификуваа за финалната вечер на „Евровизија“ во сабота.
Организаторите на „Евровизија“ претходно објавија дека на овогодинешниот натпревар за „Песна на Евровизија“ забранети се знамиња на Исламска држава, Крим, Република Доњецк, Палестина, Нагорно-Карабах, Баскија, Северен Кипар и Косово.
Освен наведените знамиња кои се објавени на сајтот на „Евровизија“, во салата нема да може да се внесуваат знамиња и транспаренти со политички или верски пораки кои организаторот ги смета за несоодветни.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има