-->
-->
Казна од 3.000 евра: Штипјанец кој се вратил од Шпанија наместо да седи дома отишол во општинската зграда
-->

Штипјанец кој на 17 март се вратил од Шпанија, наместо да седи во самоизолација, отишол во општинската зграда. Обвинителството предлага да се казни со 3.000 евра.
-Обвинетиот на 17 март влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје во Република Северна Македонија од Кралството Шпанија при што со писмена наредба бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во општина Штип.
Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд во Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 30 евра во денарска противвредност, велат од Обвинителството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка