Казино донирало болнички кревети во тетовската болница, директорот ги одбил
Директорот на тетовската Клиничка болница ја одбил донацијата која дошла во болницата пред три дена, бидејќи донацијата била од меѓународна компанија која има казина и организира игри на среќа и во Македонија.
10 специјални болнички кревети биле донесени во болницата, креветите биле растоварени од возилото, а биле ангажирани и неколку хостеси кои требало да го изрекламираат казиното и донацијата но, кога пристигнал директорот на болницата, Флорин Бесими и кога видел дека станува збор за донација од казино, одбил да ја прими пратката.
Донацијата не биле само кревети туку и имало и средства за дезинфекција и други помошни материјали кои би биле од помош во справување со корона вирусот.
После ваквата реакција на директорот, креветите биле вратени во возилото и пренесени во друга јавна здравствена установа.
извор: sdk.mk
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР