„Kazi andjele“: Последната песна на Јелена Марјановиќ крие голема тајна
Последната песна на брутално убиената ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ носи скриена порака. Ова го вели текстописецот на истата, Драган Милошевиќ, за песната "Кажи ангелу".
Текстот го напишал тој, а музиката и аранжманот се на сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ. Таа била молитва на Јелена во тешките мигови.
- Кажи ангелу кој е мојот грев? Тргни ја тагата од моето срце. Нека се стопи тагата како снег...е песната која ја пееше Јелена.
Драган вели дека Зоран и Јелена ги запознал пред неколку години. Сакал Јеца да го види текстот за песната и тоа и го сторил. Зоран пет дена не излегол од студиото додека ја правел музиката и аранжманот.
- Зборовите се мои, автобиографски. Нејзиниот татко почина од рак, нејзината мајка беше болна, беше сознадена за неа. А сега, да се случи ваква трагедија, вели тој низ болка за српскиот Телеграф.
Јелена беше убиена на 2 април на насипот кај Борча. Слушнете ги зборовите...
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица