-->
-->
Кажете му збогум на првутот: Маска која се прави дома за само 7 денари
-->
Фризерите ја препорачуваат, а многу е едноставна и евтина. За седум денари ќе имате совршена маска за коса. Она што е најважно е дека резултатите се долготрајни, а не краткотрајни и дека оваа маска од квасец која чини само седум денари, е трајно решение и за најсувата и најоштетена коса. Помага да се зголеми волуменот, да се регенерира влакното, да се врати мекоста и да се ослободите од првутот.
Сепак, резултатот не се добива преку ноќ, туку треба да се повторува постапката за да се решите со проблемите поврзани со косата.
Се користи еднаш неделно, во траење од 10-15 недели за целосна регенерација.
- 1 лажица топло млеко
- 1 лажица мед
- 20 гр квасец
- Сè се меша во сад и се остава да се изедначи некои 20 минути.
- Смесата се става на влажна коса, од коренот кон врвовите.
- Косата се замотува со ќеса, и се остава половина час да делува.
- Потоа се мие косата. Резултатите се видливи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно