Кажете им збогум на напорните тренинзи - Во виното е спасот

Доколку би сакале да бидете во форма, но ве мрзи да почнете со тренинзи, и за тоа има лек. Верувале или не, чашата вино има исто дејство на телото како еден час интензивно вежбање. Ова се одлични вести за сите мрзи, кои сакаат да уживаат во доброто вино! Научницте од универзитетот Алберта во Канада откриле дека резвератролот, состојката која се наоѓа во црвеното вино има слично дејство на нашиот организам како вежбањето. Авторот на проектот и главниот член на тимот кој истражувал, Џејсон Дик, тврди дека виното ги подобрува нашите физички способности, а на работата врз срцето и на мускулите има ефект како саат време поминати во теретана.
- Сметам дека резвератролот може многу да помогне кај луѓето кои сакаат да бидат фит, но од одредени физички причини не можат да вежбаат. Оваа состојка на виното можат да ја користат и оние кои сакаат да ги подобрат резултатите на тренингот. Така да освен што црвеното вино е одлично против деменција и тумурот, сега е докажано дека позитивно влијае и на срцето, но и на формата, секако под услови да не се претерува.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
