Кажала: „Да“, после 43 запросувања во седум години

Британецот Лук Винтрип ѝ предложил брак на својата девојка (сега веќе сопруга) Сара Винтрип, 43 пати за седум години, пред таа конечно да рече: „Да“. Приказната за оваа „необична љубов“ го обиколи светот.
Тој, инаку, првпат ѝ предложил брак на Јамајка по шест месеци врска. И двајцата претходно биле во сериозни врски, па таа, како што вели во интервјуто за „Кенеди њуз“ не сакала премногу брзо да се впушти во новите, не многу познати води…
– Не го очекував тоа. Го сакав, но не сакав да кажам „да“ на нешто за коешто можеби подоцна би зажалила. Лук рекол: „Добро, добро, но ќе те прашувам постојано“, раскажува Сара.
И, секојпат кога таа ќе кажела „не“, тој станувал покреативен. Тој ѝ предложувал брак во напуштени замоци, ангажирал музичари, организирал вечери со свеќи итн. Тој дури и претворил еден празен замок во Прага во „место од бајките“… Но, и тогаш си останал „со празни раце“.
– Знаев дека е рано, но едноставно – знаев дека таа е вистинската. Моите пријатели велеа: „Се обидуваш да ја измориш“, но не беше така. Сакав да ѝ докажам колку го сакам ова и се надевав дека еден ден нашите ќерки ќе го погледнат тоа и ќе речат: „Па, ако Лук толку многу ја сака мојата мама, треба да најдам некој што толку многу ќе ме сака и мене“, објасни Лук.
Сара конечно му кажала: „Да“ во 2023 година. Тој миг се случил во Општината Гринич во Лондон, каде што светот се договорил да минува првиот меридијан…
– Уметничка музичарка ги изведе сите нејзини омилени песни, додаде Лук.
– Кога тогаш ми предложи, тој рече: „Ова е центарот на светот, а ти си центарот на мојот свет, и сакам да се омажиш за мене“. Конечно го освои моето срце!, истакна Сара. – Благодарна сум што издржа толку долго, нагласи на крајот.
Таа не жали што толку долго го одбивала својот избраник, пред да се омажи за него. Нејзината порака до жените е да ѝ веруваат во својата интуиција и додава дека овој случај треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
МИА
Ново на Сител
-

Рубио: Русија јасно порача дека не сака мир, продолжува со напади и неделно губи 7.000 војници
-

Брош со дијаманти изгубен од Наполеон - продаден за скоро 3,8 милиони евра
-

Осум поранешни функционери од Општина Сарај и Град Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба
-

Фон дер Лајен најави исплата на шест милијарди евра поддршка за Украина
-

Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември
-

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје
-

Општина Крива Паланка најтранспарентна локална самоуправа во државата
-

Најмалку 37 лица загинаа во Перу откако автобус падна во бездна длабока 200 метри
