Кавга во Белата куќа: Словенката Меланија Трамп бара смена на советничка по потекло од Хрватска
Првата дама на САД Меланија Трамп побара Белата куќа да ја прекине соработката со заменичката советник за национална безбедност Мира Рикардел, изјави портпаролката на Канцеларијата на сопругата на американскиот претседател Стефани Гришам.
Рикардел, којa беше ангажиранa во април од страна на советникот за национална безбедност Џон Болтон, наводно се судрила со членовите на персоналот на првата дама околу седиште во авионот при неодамнешната посета на Меланија Трамп во Африка.
– Ставот на канцеларијата на првата дама е дека таа веќе не ја заслужува честа да служи во Белата куќа, изјави Гришам.
Персоналот на Источниот крило, наводно, се жалел дека Рикардел се расправала со нив во врска со користењето на ресурсите на Советот за национална безбедност. Рикардол, исто така, споделила спорен извештај со шефот на кабинетот на Белата куќа Џон Кели и секретарот за одбрана Џим Матис, наведува „Гардијан“.
Рикардел, родена како Радиеловиќ, по потекло од Хрватска, од 1989 до 1996 година беше помошничка на лидерот на републиканците во Сенатот на САД Боб Дол.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца