„Кавадаречка културна есен“ во Кавадарци
Над 30 културно уметнички настани ќе бидат дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ што почнува денеска во Кавадарци.
Културните настани на градскиот плоштад ќе почнат со настапот на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ и настап на ученици и професори од Основното музичко училиште „Лазо Мицев Рале“.
-Љубителите на културата и уметноста ќе можат да уживаат во концерти на класична музика, фолклорен фестивал, ликовни изложби, работилници од областа на театарот, фолклорот и фотографијата. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и „Месец на театарот во Кавадарци“, по повод 90 години од првата официјално одиграна театарска претстава во Кавадарци. По тој повод ќе се реализираат неколку претстави на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура, од кои една премиерна, како и неколку гостувања на професионални театарски ансамбли, информираат од Културниот дом.
Манифестацијата официјално ќе биде затворена на 15 ноември 2019 година.
Ново на Сител
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен