Кавадарци ќе субвенционира за енергетска ефикасност во колективното домување
Советот на општина Кавадарци донесе одлука повторно како и лани да издвои средства и да им олесни на станари во колективни згради во центарот на градот, за зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите во кои живеат.
-Општината учествува во проектот за енергетска ефикасност во колективното домување, спонзориран од УСАИД преку агенцијата Хабитат. Целта е да се помогне при заштеда на енергија во колективните домувања за станарите. На последната седница на Советот на општина Кавадарци донесовме одлука со која учеството на општината од 20, се зголеми на 25 проценти, како субвенција за поддршка на енергетската ефикасност во објектите за колективно домување, појасни денеска Тодор Ефремов, раководител на Секторот за локален економски развој при општината. .
Условите кои Хабитат ги нуди се 7 години рок на исплата, а кредитот кој го земаат станарите е со каматна стапка од 5 проценти.
-Врз основа на корегираниот правилник и процентуалниот износ за учество на општината согласно на најновата одлука на Советот, се очекува повикот кој ќе биде распишан од страна на комисија исто така формирана од Советот. Повикот ќе биде јавно објавен, ќе се приберат апликациите од страна на граѓаните кои ќе имаат соодветен рок за доставување на бараните документи. Потоа комисијата ќе одлучи на кои згради согласно критериумите утврдени во правилникот, ќе им се обезбеди субвенција во висина од 25 проценти, пари од буџетот на општината за оваа година, рече Ефремов.
Минатата година беше субвенционирана една зграда, сега во буџетот се предвидени 800 илјади денари и зависно од премерот и пресметките кои ќе бидат доставени до општината, таква ќе биде и распределбата на буџетските средства.
-Изведувачите на работите за реконструкција на фасади и кровови ги бираат самите станари и зависно од тоа каква понуда ќе вклучат и што ќе реализираат, општината ќе учествува со 25 проценти од трошоците наменети за заедничките делови за енергетеска ефикасност во овие згради, додаде Ефремов.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот