-->
-->
Кавадарци доби „Парк на револуцијата”
-->
Паркот спроти полицијата во Кавадарци ќе се вика „Парк на револуцијата“. Целта е на едно место да бидат сместени сите бисти или спомен обележја посветени на паднатите борци и херои од НОБ.
- Ова соодветствува на основната идеја на градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци за заштита на бистите и спомен обележјата. Досега тие беа често оштетувани или вандализирани од неодговорни млади лица. Вака на локацијата спроти зградата на полицијата, на прометен дел од градот, се верува дека ќе се спречат ваквите и слични девијантни појави, информира општината.
На ова локација, покрај бисти на борци од НОБ, ќе бидат поставени и споменици на заслужни граѓани на Кавадрци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска