-->
-->
Кавадарчанец лишен од слобода поради уцена
-->
Триесетгодишен кавадарчанец денеска бил лишен од слобода откако во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци две лица пријавиле дека ги уценувал да му дадат пари за да не објави компромитирачки материјали за нив на социјалните мрежи.
- По брзата акција на вработените од ПС ОН Кавадарци откриено е лицето на триесет години од Кавадарци и истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“, вели Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
По извршениот разговор и собраниот доказен материјал, додава Додевски, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело "Уцена".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје