Кавадарчанец лишен од слобода, и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, пријавен бил дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец. За ова информираа денеска од СВР Велес.
- Синоќа во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени дејствија, а претходно од страна на неговата 35 – годишна сопруга било пријавено дека во семејната куќа во градот и упатувал сериозни закани по живот. За настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Вчера, нешто порано, во 13.20 часот, во Полициската станица Кавадарци, Ш.А.(37) од кавадаречко село пријавила дека била физички нападната од Е.М. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
