Катругалос: Сѐ додека траат преговорите постои можност за решение
Пред целосно да завршат преговорите не можеме да кажеме дека постои договор и само едно прашање да остане отворено може да нема решение, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Сто кокино“.
Тој смета дека прозорецот за можности за решение и натаму е отворен.
- Како што напредуваат преговорите така се решаваат прашања, се појавуваат прашањата за кои постојат разлики и треба да се решат, така што прозорецот на можности и натаму е отворен. Пред целосно да завршат преговорите не можеме ништо да кажеме, затоа што и само едно прашање да остане отворено може да немаме договор. Сѐ додека траат преговорите не можеме да кажеме дека договорот е завршен, но сѐ додека преговорите продолжуваат можеме да кажеме дека постојат важни можности за решение, рече Катругалос.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија го коментира и интервјуто на Заев за МИА, објаснувајќи дека од изразените ставови произлегува дека македонската Влада целосно ја разбира ситуацијата дека ако не се реши прашањето „не може да има решение за Скопје во однос на основната перспектива и цел, интеграција во НАТО и ЕУ“, пренесува дописникот на МИА од Атина,
- Од друга страна, ако внимателно се прочитаат изјавите на Заев, се гледа дека и натаму е жива неговата намера да се најде решение, што е во комплетна спротивност со претходната националистичка влада. Оттука е и прозорецот на можности, дека господинот Заев, се чини, искрено сака да бара решение, вели Катругалос.
Во однос на прашањето што би се случило доколку не се постигне договор алтернативниот грчки МНР за радиото објаснува „дека Атина е подготвени за сите сценарија“.
- Ако не постои договор не значи дека ќе постои опасност за нашите национални интереси, вели Катругалос за радиото „Сто кокино“, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
