Катругалос и Хаѕидакис за претседателските избори кај нас

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос и потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис во радио дуел за „Реал фм“, меѓу другото дискутираа за првиот и претстојниот втор круг од претседателските избори кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.
Катругалос изрази надеж дека ќе победат силите што се борат против нетолерантноста, Хаѕидакис претпоставува дека ќе победи Пендаровски.
-Сакам да верувам дека ќе победат силите кои сакаат да се стави крај на нетолерантноста, но, исто така, сакам да истакнам дека дури и кандидатката на ВМРО не го има оспорено спроведувањето на Договорот од Преспа, рече шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.
Потпретседателот на Нова демократија објасни дека за Договорот од Преспа позицијата на партијата е веќе позната, а во однос на изборите истакна дека прашањето е дали ќе се постигне неопходниот консензус.
-Се чини дека веројатно е да се избере кандидатот на господинот Заев, поради тоа што, претпоставувам дека Албанците во вториот круг е пологично да гласаат за него, отколку за кандидатот на ВМРО, но секако прашањето е дали ќе се обезбеди потребниот консензус на изборите, 40 отсто, рече потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис за грчкото радио „Реал фм“.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
