Катругалос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ изрази убеденост дека Договорот од Преспа без проблем ќе помине во грчкиот Парламент.
Тој притоа кажа дека се надева оти Каменос нема да биде причина владата да го заврши мандатот порано од предвиденото, односно пред септември 2019.
- Договорот како и да е ќе помине во парламентот. Ќе постои поголемо мнозинство од ова што во овој момент го имаме како влада и сакам да се надевам дека министерот за национална одбрана ќе го задржи она што го изјави, дека владата има рок на траење септември 2019, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија.
Катругалос во интервјуто се повика на изјавата на портпаролот на владата Ѕанакопулос дека грчкиот Устав не предвидува зголемено мнозинство за конкретното прашање, како што бара Каменос, но рече дека кога ќе дојде време ќе се разгледа барањето, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
