Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден. Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.
- Христовото воскресение се издигнува над настанот на историјата како таков и отвора врата на новата историја во која ние само претчувствуваме каква е големината на новиот човек во Божјиот план. На оваа земја сите сме на минување, но тоа толку нè привлекува што често сме им слични на луѓето кои заради болест или старост одат поднаведнати и тешко им е да се исправат за да погледнат во насоката каде сонцето заоѓа.
Ние, верниците христијани, кои сега во Европа веќе се чувствуваме како малцинска вера, како да е нашиот Исус сега толку изморен, имаме желба да му останеме верни и затоа сè уште нашите Марии Магдалени и по некој Јосиф Ариматеец се трудат околу тоа тој да биде достојно измиен, помазан и погребан. Денес ретко Црквите се извор на радосни песни. Проблем е што низ историјата и недоследниот живот на христијаните е потпрен голем камен што сега се плашиме кој ќе ни го тргне. Секојдневно сведоци сме како на посебен начин преку медиумите, во еден свет на прогонства, Црквата е во опасност од уништување. Во многу делови на светот на Црквата ѝ е натоварен голем камен како Таа веќе да е во гробот. Но, не е така. И во сегашниот миг, кога славиме го славиме воскресението, можеме да се увериме дека Бог, преку својот ангел го трга каменот од вратата на Црквата, како и каменот кој е на вратата на нашите срца.
Драги браќа и сестри ве повикувам во оваа воскресна ноќ да не бегаме од Божјиот глас, туку да го послушаме и да сведочиме: Исус е жив, Исус воскресна и го сретнав. Посакувам да нè посети ангелот на воскресението и да го отстрани каменот од вратата на нашите срца, а воедно да молиме да ја ослободи Црквата од прогонства, клевети и напади. Со овие мисли посакувам да ви биде благословен денот на Христовото воскресение. Христос воскресе!, рече бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.
На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја, заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.
Ново на Сител
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
