„Катимерини“: Заев уверен дека ќе формира влада
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев вчера изјави дека е подготвен да формира Влада во март и да стави крај на двегодишната политичка криза во земјата која трае од март 2015 година, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во осврт на политичката ситуација во Македонија.
Заев вчера изрази уверување дека ќе стави крај на кризата, наведувајќи дека има обезбедено поддршка од албанските партии и оти до крајот на март ќе формира влада, пишува весникот.
- Сега треба да се договориме за поделбата на министерствата и идната владина платформа, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на лидерот на СДСМ за време на неговата посета на Сараево и додава дека тој истакнал оти е голем оптимист во врска со изгледите за владина коалиција предводена од социјалдемократите.
Грчкиот весник потсетува дека албанските партии во земјата рекоа дека ќе учествуваат во влада на чело со Социјалдемократскатиот сојуз и Заев, само под услов да се усвои законот со кој се предвидува поширока употреба на албанскиот јазик во земјата.
„Индикативно, во средата вечер, Демократската унија за интеграција (ДУИ), најголемата албанска партија во парламентот, објави дека со СДСМ е постигнат договор за таков закон, но не даде повеќе детали“, информира „Катимерини“.
Весникот на крајот додава дека „една од главните цели на албанските партии е проширување на употребата на албанскиот јазик, додека албанскиот јазик е официјален јазик само во областите каде што албанските граѓани се повеќе од 20 проценти од локалното население“.
Ново на Сител
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори
-
Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец