„Катимерини“: Мигрантите го празнат импровизираниот камп на грчко-турската граница
Грчките власти, доцна синоќа забележаа чекори за празнење на импровизираниот камп кај Кастањес, пишува утрово грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека мигрантите насобрани на турска страна на границата со Грција, полека си заминуваат и масовно со автобуси се враќаат кон Истанбул.
Според информации на весникот, целата таа раздвиженост била организирана од турските власти.
Кусо по полноќ, мигрантите започнале да ги пренесуваат шаторите и останатите предмети кон шумата, а подоцна и ги запалиле.
-Според извори од Генералштабот на армијата се задржува највисокото ниво на подготвеност, бидејќи шумата во Кастањес е доста густа и движењето, би можело да се искористи и за да го одвлече вниманието на властите, но и нивната подготвеност, пишува „Катимерини“ и додава дека денеска на грчко – турската граница ќе пристигнат Министерот за одбрана на Грција и Началникот на Генералштабот на грчката армија.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции