Катица Јанева се врати на работа
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се врати на работа во СЈО, информираат од Обвинителството за Фокус.
Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во однос на истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец.
За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет, каде обвинети се Бојан Јовановски познат како Боки13 и бизнисменот Зоки Кичеец. Во послендото видео се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го споменува и Зоран Заев.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, во врска со објавените разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.
-Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители, посочи во изјавата Јанева.
Ново на Сител
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
