Kaтица Јанева и Стевче Јакимовски завршија на црната листа на САД

Актуелниот градоначаник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, а и Катица Јанева завршија на црната листа на САД за корупција.
„Денес, Стејт департментот на САД го објавува јавното именување на поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева; актуелен градоначалник на Карпош, Северна Македонија, Стевчо Јакимовски; и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“, се вели во соопштението на Стејт департментот..
Во него се надевува дека Јанева, со нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, била вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. „Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност“, стои во соопштението.
А за градоначаникот Јакимовски се наведува дека: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.
Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на црната листа ги стави и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
-

Арсенал размислува за трансфер на Винисиус од Реал
-

Трет дрон соборен во романскиот воздушен простор, Букурешт ќе поднесе дипломатски протест до Москва
-

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен
-

Николоски: Се финализираат галериите - најтешкиот дел од автопатот Кичево - Охрид
-

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица
