Катерина ја продава невиноста за да му помогне на семејството
Иако цената стигнала скоро половина милиони долари, таа уште го чека “вистинскиот“…
Катарина Стоун од Сиетл се одлучила да ја продаде својата невиност за да му помогне на своето семејство. Имено, пред две години пожарот целосно им ја уништил куќата, што ги довело во големи
финансиски проблеми. Катарина поради тоа се одлучила на овој радикален потег.
-Луѓето сметаат дека тоа би требало да се направи од љубов. Доколку малку размислите, јас тоа го правам од љубов – од љубов кон моето семејство – изјави оваа дваесетгодишна девојка за „СиЕнЕн“.
Таа го контактирала познатиот американски сопственик на бордели, Денис Хоф, кој и дозволил тоа да го направи во еден од неговите локали, но под услов половина од цената да му припадне на него.
Катарина се согласила и да се пресели во неговиот бордел во Невада, каде живее и дава несексуални услуги на клиентите, додека аукцијата не се заврши. Невада е единствена држава во САД каде може тоа легално да се направи.
-Имам право да правам со моето тело што сакам, а можете ли да ме обвините во ваква економија – се прашува Катарина, а со неа со согласува и Хоф.
-Тоа е нејзин избор. Не мислам дека е добро девојка да испие 6 текили и да изгуби невиност на подот во нечиј тоалет….Ако таа сака да ја продаде својата желба, мислам дека тоа е супер“ – изјави Хоф.
Цената на нејзината невиност сега изнесува 400.000 долари, но Катарина се уште чека.
-Не е само поради парите. Чекам човек со кој ќе почувствувам поврзаност, за искуството да биде посебно и за двајцата – изјави Катарина, која во борделот има намера да остане и откако ќе ја продаде својата невиност.
-Планирам да останам тука уште пет години, сакам да студирам право во иднина – одлучна е Катарина.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан