Свет
28. December 2015 - 16:50

Катастрофални поплави во Јужна Америка и Велика Британија

Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во Јужна Америка предизвикани од поројните дождови.  . Најтешко погодени се Бразил, Парагвај, Аргентина и Уругвај. Евакуирани се над 160 000 луѓе.  Со катастрофални  поплави се бори и Велика Британија.  Во  поплавените реони на помош е испратена   и војската  а населението  е предупреден да го избегнува задржувањето на патиштата и улиците колку што е можно повеќе.

Ирачките сили го ослободија градот Рамади од џихадистите

Ирачката војска со подршка на коалицијата од меѓународни воздушни сили  го ослободи градот Рамади од џихадиситте на Исламска држава.  Милитантите го зазедоа Рамади   пред седум месеци. Властите во Багдад соопштија дека борбата против џихадистите продолжува и  дека  следен град за ослободување е Мосул.

Во сирискиот град Хомс загинаа 30 лица во три експлозии

Најмалку  30 лица загинаа во три експлозии кои утрово  го  потресоа  Хомс.Бомбите експлодирале во близина на главниот плоштад на  сирискиот град. Инаку  Хомс е под контрола на екстремистите на Исламска држава.