Катастарот со холандска помош ќе ја подобрува изработката на просторни податоци

Агенцијата за катастар на недвижности со помош на холандски експерти ќе го подобрува квалитетот и изработката на топографските карти и ќе ја подобрува Националната стратегија за инфраструктура на просторни податоци.
За таа цел, Кралството Холандија ќе донира 68 илјади евра кои ќе се искористат за реализација на проектот „Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци во Република Македонија“.
Проектот ќе се спроведува од септември годинава до февруари 2017 година за кој временски период се очекува да биде изработена нова подобрена Национална стратегија за инфраструктура на просторните податоци, а експерти од холандскиот Катастар ќе ги презентираат препораките за изработка на топографски карти.
- Имајќи ги предвид достигнувањата во областа на националната инфраструктура на просторни податоци и картирањето, повеќе од сигурно е дека во овој момент поддршката од Кралството Холандија е добредојдена за да со заеднички сили она што го отпочнавме во оваа област и понатаму успешно го развиваме и реализираме, истакна дененска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Според заменик-амбасадорот на Кралството Холандија, Андри Ван Менс, потребата од веродостојни мапи е повеќе од нужна во секојдневниот живот.
- Во животот се соочуваме со одлуки како купување на имот или одлука да се гради куќа и во овие ситуации од исклучително знаење е да се имаат веродостојни и добри мапи со помош на кои ќе донесеме исправна одлука, рече Менс.
За регионалниот менаџер на холандскиот Катастар Паола Кјарсон, неодамнешните поплави во Скопје ја истакнале потребата од веродостојни просторни податоци.
- Кога сите расположливи информации од различните владини институции би можеле да бидат поврзани заеднички, би можело многу побргу да се реагира во случај на итни случаи. Холандија има искуства со поплавите и нашите граѓани сметаат на брзи и доверливи информации од Владата во итни состојби, рече Кјарсон.
Во Холандија секоја година се ажурираат топографските карти на различни нивоа.
Соработката меѓу македонскиот и холандскиот катастар трае 10 години.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
