Каталонија отвора „претставништво“ во Загреб
Владата на шпанската автономна покраина Каталонија следниот месец ќе отвори „амбасада“ во Хрватска, која ќе ги покрива земјите од Југоисточна Европа, изјави за хрватскиот неделник „Глобус“ висок претставник на властите во Барселона.
- Во Хрватска сигурно ќе отвораме свое претставништво, како што направивме и во други делови на Европа, изјавил претставникот на каталонската регионална Влада, која за 1 октомври најави референдум за отцепување од Шпанија.
- Постојат стратешки критериуми поради кои ја одбравме Хрватска, вели тој, несакајчи да ги наведе, пред да се случи официјалното отворање.
Во Барселона тоа „претставништво“ официјално го нарекуваат „делегација“ иако го сметаат за амбасада на регионот со 7,5 милиони жители. Каталонците на тој начин од Загреб ќе настојуваат да ги остварат политичките и економските интереси во Словенија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, а можно е и во Бугарија и Романија.
Хрватското Министерство за надворешни работи не одговори дали негов претставник ќе присустува на отворањето на претставништвото во Загреб, ниту дали се во контакт со Владата на Каталонија.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја