Кастрација за извршителите на сексуална злоупотреба на деца во Индонезија
Индонезија објави дека ќе донесе закон според кој тие што ќе извршат сексуална злоупотреба на деца, покрај затворската казна, ќе бидат трајно казнети и со хемиска кастрација. Предлогот за ваквата ригорозна мерка доаѓаод кабинетот на претседателот Јоко Видодо и наиде на широка поддршка во јавноста.
Повод за ваквата одлука се скандалот во елитното Меѓународно училиште во Џакарта од јули, каде што петмина хигиеничари сексуално злоупотребувале група малолетнички од повеќе националности и откривањето на злосторникот кој на 6 октомври силувал и убил деветгодишно девојче.
Државниот обвинител на Индонезија, Прасетјо денеска изјави дека покрај задолжителното кастрирање државата треба да воведе и повисоки затворски казни од сегашните максимални 10 години. Според него тоа ќе биде позитивна пресвртница која ќе води кон максимална заштита на децата.
Хемиска кастрација како метод за спречување на сексуалните населства, се применува во Шведска, Канада, Канада и осум држави во САД. Шведските искуства покажале дека методата за половина го намалува потенцијалот на извршителите на сексуалните злоупотреби, а кастрацијата, со комплетно вадење на тестисите и во Индонезија, за сега, се смета како можно нарушување на основните човекови права.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024