-->
-->
Касиљас се сели во Порто
-->

Искусниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација Икер Касиљас ова лето ќе го напушти својот досегашен клуб.
Според најавите, тој ќе треба да мине во редовите на поранешниот европски шампион Порто. Клубот од Португалија најверојатно има понудено околу 2,5 милиони евра годишно за договор со важност од две сезони со можност за продолжување на уште една година.
- Порто и Икер се договорија и тој е среќен со понудените услови, изјави агентот на голманот Сантос Маркес.
Касиљас во редовите на Реал Мадрид е од 1990 година и има преку 700 натпревари и 18 пехари меѓу кои и три од Лигата на шампионите. Последните најави се дека на негово место во „кралскиот клуб“ ќе биде донесен Давид Де Геа, голманот на Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
