-->
-->
Касами го исклучи Реџепи од БЕСА
-->

Лидерот на БЕСА, Билал Касами попладнево на Фејсбук објави дека го исклучил Кастриот Реџепи од партијата.
– Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА, стои во неговата објава на Фејсбук.
Како што напиша Касами, оваа одлука стапува во сила веднаш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
