Касами: Добредојдени во коалицијата сите партии посветени на евроатлантскиот пат на Македонија
Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат на Македонија, вели претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами, по денешното официјализирање на коалицијата со СДСМ.
На новинарско прашање дали по изборите би се согласиле да влезе и ДУИ во нивната коалиција, Касами изјави дека тоа е можно за сите политички партии кои би ги прифатиле вредностите на оваа коалиција без прифаќање на никакви услови и уценувања.
Движењето Беса е партија создадена од потребите на граѓаните на Македонија, а особено на албанските граѓани, се појави како револт од неуспехот на ДУИ и ќе продолжи уште долго време по заминувањето во историјата на ДУИ, рече Касами, коментирајќи ја денешната изјава на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека „Топењето на Беса во ,сојуз’ со СДСМ е на штета на Албанците“.
Нашата партија, укажа, е автентична, автономна и автохтона.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба